Црна хроника
Во три кражби одземени предмети, злато и пари од над 60 илјади евра
Во изминатото деноноќие на полицијата и’ се пријавени три тешки кражби, во коишто спроед првичните процени се оттуѓени вкупно околу 60 илјади евра.
Во четвртокот околу пладне во центарот на Скопје, на паркингот на улицата „Мито Хаџивасилев -Јасмин“, за сега непознат крадец обил џип „махиндра“ со скопски регистерски таблички сопственост на 64-годишне скопјанец, и од возилот одзел чанта во која имало 500 илјади денари.
Ноќта во четвртокот, во периодот меѓу 21,30 и 23,30 часот, во тетовското село Седларце, во домот на 34-годишен локален жител, исто така, засега неидентификуван крадец извршил тешка кражба и одзел поголемо количество златен накит, околу илјада евра, лаптоп „леново“ и други предмети чијашто вкупна вредност се проценува на околу 600 илјади денари. Арамијата со попмош на соодветен предмет отворил еден од прозорците на приземјето, влегол во куќата и откако успеал да ги пронајде скриените пари и накитот, без да биде забележан исчезнал во непознат правец.
Како што проценува полицијата, извесно време подоцна на десетина километри од претходната кражба, во периодот од 22,30 до 00,30 часот, во гостиварското село Чегране во куќата на 50-годишен жител повторно непознат извршил тешка кражба и одзел поголемо количество златен накит и вредни предмети, чијашто вкупна вредност се проценува на околу 40.500 евра. По речиси рутинска постапка, крадецот со погоден предмет ја обил споредната дрвена врата на приземјето од домот на чегранецот, влегол во куќата каде извршил пребарување, ги пронашол спомнатите предмети./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

