Црна хроника
Куршуми летале по автомобили во Гостивар
Во четвртокот во Гостивар се пријавени два случаи на стрелање во возила, за среќа додека биле паркирани и во нив немало никој, а полицијата истражува дали станува збор за заталкани куршуми или намерно пукање во автомобилите.
Во четвртокот во периодот од 14,30 до 20,00 часот, во Гостивар на улицата „Панче Попоски“ во автомобил „фолксваген голф“ со гостиварски регистерски таблички сопственост на жител на селот Братиндол, во задното ветробранско стакло удрил проектил од огнено оружје, кој го пробил и паднал на задните седишта.
Околу 20,30 часот, исто така, во Гостивар на улицата „Сретко Крстески“, во автомобил „форд ескорт“ со гостиварски регистерски таблички сопственост и паркиран од жител на Гостивар, во покривот од возилот удрил проектил од огнено оружје, кој го пробил и паднал на предната пластична маска пред совозачкото седиште. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.