Контакт

Црна хроника

МВР поднесе кривични пријави против десет вработени во АД „Македонска Пошта“

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи во неделата соопшти дека поднесе кривични пријави против десет вработени во АД „Македонска Пошта“ за несовесно работење во службата.

dobivaj vesti na viber

Кривична пријава до Обвинителството е поднесе против, А.С.(31), З.Ј.(50), Г.А.(27), И.А.(40), Б.И.(32), Р. Џ.(29), Н.Б.(30), И.П.(41), В.Б.(48) и В.Т.(49), сите од СкопјеКривичното дело го извршиле во својство на службени лица, на тој начин што со пропуштање на должниот надзор и несовесното постапување во вршењето на своите овластувања и должности, овозможиле на 26.07.2013 година во 07,15 часот на ул.„Кемал Сејфула“во Скопје, во пошта Чаир две непознати маскирани и вооружени лица да извршат кривично дело “разбојништво” и да одземат 13.660.000 денари, со што се стекнале со противправна имотна корист и ја оштетиле не само  АД „Македонска Пошта“ туку и  Република Македонија бидејќи станува збор за  претпријатие во државна сопственост.Имено, на 26.07.2013 година во 07,15 часот две непознати маскирани лица, во пошта Чаир влегувајќи преку необезбедена и незаклучена безбедносна решетка и врата од службениот влез, влегле во ходникот пред втората заштитна решетка која исто така не била заклучена, потоа во просторијата на благајната, каде исто така имало безбедносна решетка и врата кои не биле заклучени и затворени, согласно безбедносните прописи и правила, и со закана со пиштоли врз четврттопријавениот И.А.(40),  и поштарот А.С.(44)   од Скопје,  одземале две  вреќи во кои биле парични средства од Буџетот на Р.Македонија за исплата на корисници по основ на родителски додаток, посебен додаток и додаток за новороденчиња,  а горе пријавените   како службени лица вработени во АД  „Македонска Пошта“ со пропуштање на должниот надзор и несовесното постапување во вршењето на своите овластувања и должности им овозможиле на двете лица непречено извршување на наведеното кривично дело и да прибават противправна имотна корист од 13.660.000 денари.А.С.(31) како Управник на РЕ Чаир   имала обврска да го организира вкупниот процес на работа во работната единица и во единиците на поштенска мрежа, како и да превзема мерки за прописно извршување на поштенските услуги и воедно да го контролира вкупното работење на Работната единица како и да ги следи и применува законските прописи. Спротивно на работните задолженија според кои морала да врши редовна контрола врз „Очевидникот за клучеви на каси“, истиот го водела неуредно,  а освен тоа не ја вршела контролата на безбедносните камери и на тој начин овозможила неконтролирано влегување и излегување од службената врата  на поштата. З.Ј. и  Г.А. во својство на службени лица контролори на РЕ Чаир биле задолжени  да вршат манипулативна и оперативна контрола, а кривичното дело   го извршиле на тој начин што постапиле спротивно на Упатството за ракување со клучеви од влезни врати во објекти на АД  „Македонска Пошта“  и овозможиле неконтролирано влегување и излегување од службената врата на поштата. На 26.07.2013 година,  З.Ј. не била дојдена на работното место во точно утврденото работно време  во 07,00 часот за да ја отклучи врата од службениот влез, бидејќи истата ги имала задолжено клучевите според Очевидникот за клучеви од влезна врата,  а  Н.Б. во 06,00 часот ја отклучил безбедносната решетка и вратата од службениот влез и ги оставил отворени. Исто така, З.Ј. и  И.А. постапиле спротивно  на Правилникот за благајничко и сметковно работење според кој со главната благајна ракуваат, по правило, двајца сметкополагачи кои одговараат заеднички за работите што ги вршат и спротивно на ова,   И.А. сам ја превземал паричната дотација од Поштенска банка (одземените пари 13.660.000 денари) од  Б.И. и  Р.Џ. Како  главен благајник, И.А. имал обврска да презема парични дотации од Поштенска банка заедно со клучарот односно во критичниот период требало да ги преземат со  З.Ј. Спротивно на тоа, не ги преземал потребните безбедносни мерки што бил должен да ги преземе и не ја затворил сигурносната решетка и заштитната врата од просторијата а заедно со З.Ј. иако биле должни заеднички да ги отворат вреќите со парична дотација, да ги пребројат паричните средства и   да ги заклучат во соодветната каса,  не го направиле тоа, со што постапиле спротивно  Правилникот за благајничко и сметковно работење. Б.И. и Р.Џ., двајцата во својство  стручни соработници  за безбедност во Самостојната служба за безбедност во  „Македонска пошта“  имале обврска да го организираат и кординираат работењето на работниците за обезбедување, да се грижат за непречено функционирање на системите за техничка заштита на објектите и да вршат и други работи што ќе му бидат доверени од раководителот на самостојната служба И.П.  Наместо тоа,  по негова  претходна усна наредба  вршеле работни задачи на работник за обезбедување при транспорт на пари и со полициска придружба донеле две вредносни вреќи со парична дотација од Трезорот на Поштенска банка, кои ги предале на И.А., без притоа да реагираат и да го предупредат за необезбеденоста на објектот и просторијата на благајната и како што влегле преку незаклучените и необезбедените врати во поштата, така без да се грижат за безбедноста на објектот и паричните средства си заминале.  Н.Б. на работно место пошторазнесувач,  делото го извршил  на тој начин што во критичниот момент ја отклучил безбедносната решетка и вратата од службениот влез и се качил на вториот кат во поштата за  да дели пратки по доставни реони, и поради неправилна употреба на клучевите од влезните врати и сигурносните решетки овозможил неконтролирано влегување и излегување од службената врата. И.П. како Раководител делото го извршил на тој начин што иако   бил должен и знаел дека вработените во поштата не се придржуваат согласно упатството за ракување со клучеви од влезни врати во објекти на Македонска Пошта, за што и во повеќе наврати му било укажувано од страна на   Б.И. и Р.Џ., постапил спротивно на неговите должности и овластување и со тоа овозможил да се изврши кривичното дело “разбојништво”. В.Б. во својство на Раководител на Самостојна служба за внатрешна контрола била задолжена да го контролира функционирањето на поштенскиот соообраќај во сите фази на технолошкиот процес,  да го контролира начинот на извршување на поштенските услуги,  безбедното функционирање на поштенскиот сообраќај, безбедноста на поштенските пратки, средства, објекти и луѓе и врши други работи што ќе му бидат доделени од Генералниот директор. Кривичното дело “Несовесно работење во службата “ го извршила на тој начин што постапувајќи спротивно на своите должности не извршила никаква соодветна контрола со која би ги увидела сите неправилности во работењето и безбедносните пропусти во објектот. В.Т. на работно место Директор на Подружница Пошта Скопје 1 била задолжена да ја организира и координира работата на Подружницата, и доследно да се ангажира за примена на општите и посебните акти на Друштвото, презема мерки за заштита на вработените и зајакнување на поштенската безбедност. Постапувајќи спротивно на тоа,   кривичното дело  го извршила на тој начин што не посочила, а задолжително морала да предочи на самостојната служба за безбедност за потребата од постојано обезбедување на доставните Единици на Поштенска Мрежа    за време на исплата на парични средства. Од страна на Истражниот Судија на горенаведените лица (со исклучок на Н.Б.) одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката притвор за В.Б. и Г.А. е изречена во отсуство. Инаку, од пријавените лица во евиденциите на МВР единствено минува четвртопријавениот И.А. за сторено кривично дело “фалсификување на исправа“ за што издржал и затворска казна во траење од една година  и три месеци. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина

Објавено пред

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.

dobivaj vesti na viber

Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена

Објавено пред

Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот

Објавено пред

Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија4 часа

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ5 часа

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија6 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија7 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија7 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија9 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет11 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет12 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија12 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет20 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа20 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија24 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа24 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет1 ден

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет1 ден

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија1 ден

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија1 ден

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија1 ден

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...