Црна хроника
Газда на кафуле со тупаници нападнал полицаец

Сопственик на угостителски објект во Струмица со тупаници и погрди зборови нападнал полицаец кој дошол по пријава за нарушен јавен ред и мир.
Инцидентот се случил ноќеска пред полноќ во објектот „Нова Стоковна куќа–АД-Струмица“, кога униформираниот полицаец физички бил нападнат од страна на Т.М. сопственик на локал во наведениот објект, при што неколку пати бил удрен со тупаници во пределот на стомакот и бил навредуван со погрдни зборови. Заради настанатите повреди во пределот на стомакот, полицаецот побарал лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Извршил обљуба врз деветгодишно девојче: уапсен скопјанец

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.О.(32) од скопско село.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во друго скопско село, тој извршил обљуба врз деветгодишно девојче од селото.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.
Топ
Семејството го барало неколку дена, во куќа во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја

Полицијата пронајде починат 42-годишен маж во Кавадарци, постојат сомненија за убиство.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид во куќа во која беше пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж.
Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело, велат од обвинителството.
Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам.
Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот. Од лице место подигнати се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се издаваат наредби и насоки за откривање на сторител.
Црна хроника
Двајца полицајци повредени во сообраќајна несреќа во Куманово

Двајца полицајци се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 15:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу „шкода јети“, сопственост на МВР, „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(48) од Куманово и „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од Куманово.
Во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачот и совозачот – двајцата полициски службеници од возилото „шкода јети“, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.