Црна хроника
Разгневени стружани избодеа сограѓанин
Ноќта кон саботата, околу еден часот по полноќ, толпа разбеснети лица кои го нарушувале јавниот ред и мир, со остар предмет прободеле во градниот кош жител на струшкото село Велешта, а покрај тоа нападнатиот се здобил и со убодни рани во вратот и во пределот на десното уво.
Повредениот е пренесен во Медицинскиот центар во Струга каде е задржан на лекување.
Припадник на струшката полиција, по добиени сознанија утврдил дека по споменатито напад 24-годишен жител исто така на струшкото село Радолишта, со неколку други лица со кола се упатиле кон куќата на нападнатиот од Струга. Кога пристигнале, посочениот излегол од вопзилот и од пиштол испукал неколку куршуми кон лицето кое било во дворот.
Тогаш нападнатиот со уште неколку лица се упатил кон влезната врата од куќата, каде бил и напаѓачот, кој со нога ја искршил истата и се обидел да влезе внатре, но бил спречен во намерата, по што го напуштил лице местото.
Од полициската станица Струга преземаат мерки за расчистување на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

