Црна хроника
Уапсени двајца кои сакале да провалат кај кралицата Елизабета
Лондонската полиција објави во саботата дека уапсила двајца мажи кои се осомничени дека сакале да провалат во Бакингемската палата, резиденцијата на британската кралица Елизабета Втора во понеделникот навечер.
Првиот бил откриен во 22.30 часот зад решетките на кралската палата „во секторот кој е отворен за јавноста преку ден“. Неговиот наводен соучесник бил приведен пред Бакингемската палата во којашто таа вечер не престојувал ниеден член од кралското семејство, според полицијата.
Двајцата осомничени провалници се пуштени на слобода, меѓутоа мораат да останат достапни за истрагата.
Овој инцидент ја поттикна лондонската полиција да ја преиспита безбедносната процедура којашто важи за дворецот, но изгледа безначаен во однос на спектакуларната провала на Мајкл Фаган кој во 1982 година успеал да дојде до спалната одаја на кралицата. Се зборува дека, разбудена од провалникот, Елизабета Втора извесно време разговарала со 30-годишникто пред да биде уапсен.
Кралицата во моментов се наоѓа на одмор во Шкотска, во дворецот Балморал, едена од летните резиденции на британското кралско семејство./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

