Црна хроника
Двајца малолетници од Кратово избодени на Камен мост пред фудбалскиот натпревар
Двајца скопјани избоделе со нож двајца малолетници од Кратово на Камениот мост од Скопје, во петокот попладне околу 18 часот пред фудбалскиот натпревар Македонија – Велс.
Едниот од нив е во животна опасност со рана во пределот на градниот кош од десната страна, додека другиот има исекотини на градниот кош. Осумнаесетгодишното момче кое е во животна опасност е во Ургентниот центар додека другото седумнаесетгодишно момче се наоѓа во градска болница.
Поднесени се кривични пријави против двајца 17-годишници од Скопје кои се осомничени дека го извршиле нападот. Причина за инцидентот била расправија околу дресовите што ги носеле двајцата кратовчани, кои биде дојдени да го следат фудбалскиот натпревар Македонија – Велс./крај/мвр/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.