Црна хроника
Кривични пријави за арамии што оперирале ширум Скопје
Полицијата поднесе кривични пријави против три лица осомничени за 16 кривични дела, од кои 11 тешки кражби на подрачјето на Бит пазар и Чаир.
Кривични пријави се поднесени против М.М. (19) Б.Х. (18) и А.С. (18) сите од Скопје, а исто така кривично пријавени се и лицата Д.Д. (32) од Скопје и А.А. (24) од Тетово за кривично дело – “прикривање“, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 312.460 денари.
Од кривичните дела 12 се извршени во временскиот период од 11.07. до 19.08. годинавас на подрачјето на ПС од ОН Бит Пазар, претежно во ноќните часови и тоа на улиците “Христијан Тодоровски Карпош“, “Лазар Танев“, “Решат Џафер“, “Градиште“, “Џон Кенеди“, “Евлија Челебија“, “Цветан Димов“ и булеварот “Крсте Мисирков“. Покрај ова четири дела се извршени на подрачјето на ПС од ОН Чаир на улиците “БиХ“, “Црвени Брегови“ “Бетовенова“.
Пријавените најчесто со прескокнување на терасата и со употреба на погоден предмет -хебла делувале помеѓу рамката и крилото од балконската врата по што влегувале внатре во домовите, вршеле пребарување и претурање, а додека обидот за тешка кражба во куќа го извршиле на тој начин што со погоден алат -хебла делувале на прозорот од задната стана на куќата при што го отвориле, влегле внатре но се вклучил алармот и тие се откажале од намерата. При кражбите од становите и куќите одзеле: телевизор, компјутер марка ХП, рачен часовник “Касио“, бижутерија и пари.
Пријавените на подрачјето на ПС од ОН Бит Пазар“ извршиле 12 кривични дела и тоа: четири тешки кражби во продавници, три во трафики-тобака, две во останати објекти (УО, кафе бар), две тешки кражби во обид во останати објекти (работилница, билетара) и една кражба во хотел.
Од продавниците и тобако киосците сторителите претежно одземале разни видови цигари, алкохолни и безалкохолни пијалоци, чоколади, грицки, сим – картички, пари и др, а пак во кражбата од хотел (“Султан“) во згодна прилика од рецепцијата на хотелот, додека немало никој одзеле лап-топ компјутер и 16 мобилни телефони.
Покрај овој случај СВР Скопје, Одделение за имотни деликти поднесе кривична пријава и против лицата Н.Д. (27), Е.Х. (23) двајцата од Скопје за четири кривични дела – “тешка кражба во стан“ и тешка кражба во останати објекти“, како и против лицата Ц.Д. (33) за кривичното дело “прикривање“, и А.К. (27) за кривично дело “помагање“. Пријавените по извршените кривични дела се стекнале со противправна имотна корист од околу 144.000 денари.
Четирите тешки кражби се извршени на подрачје на ПС од ОН Кисела Вода во различен временскиот период од рано наутро до доцна во ноќта и тоа во станови на улиците “Михаил Чаков“, “Петар Дељан“, “Божидар Аџија“ и “Сава Ковачевиќ“.
Сторителите тешките кражби во три случаи ги извршувале со подесен алат и сила делувајќи помеѓу крилото и касата во делот на бравата од влезната врата при што ја отварале и влегувале внатре, а во еден случај со прекачување на тераса делувале со погоден алат на балконската врата при што ја отварале и влегувале внатре во становите.Прво и второпријавениот од становите одземале разна техничка стока и тоа телевизори, монитор и куќиште за компјутер, четири лап-топа различни марки, плеј стејшн, пари и други предмети, кои потоа ги препродавале на други лица за многу пониски цени од реалните, а дел од украдените предмети ги заложувале во заложни куќи за што добивале пари кои потоа ги трошеле за свои лични потреби. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

