Црна хроника
Колумбија и САД запленија тон кокаин
Повеќе од тон кокаин запленето е во североисточна Колумбија, од каде што пратката била упатена преку Карипското Море кон централна Америка, соопшти во понеделникот колумбиската полиција.
Запленувањето на дрогата бил остварено во соработка со американската агенција за борба против наркотиците DEA. Локалната полиција по претходните сознанија пресретнала сомнителен камион, а лицата кои биле во него по кусата престрелка успеале да побегнат.
Кокаинот и’ припаѓал на бандата Лос Растрoхос, една од главните организирани криминални групи во Колумбија, којашто ја сочинуваат поранешни припадници на паравоените формации. Другата требала да биде упатена со брзите бродски линии кон бреговите на средна Америка и потоа на големо продадена во Мексико и во САД,.
Колумбија е главниот светски произведувач на кокаин со околу 309 тони и 48 илјади хектари површина засадена со растението кока од чии листови се добива дрогата во 2012 година, според извештајот на агенциите на Обединетите нации./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

