Црна хроника
Утврден идентитетот на загинатите во страшната несреќа кај скопска Рампа
Скопската полиција во петокот претпладне го утврди идентитетот на петте млади жртви кои рано утрото ги загубија животите во страшна сообраќајна несреќа во центарот на Скопје.
Момчињата загинаа откако околу 3 часот наутро со автомобил марка „БМВ“ излетале од коловозот и буквално се забиле во подрумските простории на објектот на „Пазарна инспекција“, кај „Рампа“ на Јужен Булевар на влезот во скопската општина Кисела Вода. Како што соопштија до Министерството за внатрешни работи, сите се од Скопје, и сите починале на самото место на трагедијата.
Курир дознава дека во несреќата животите ги загубиле, 28-годишниот Александар Стаиќ, една година помладиот Борче Стаиќ, 28-годишниот Горан Ѓоргиев, и 27-годишните Живко Колев и Филип Биркаш. Според сознанија на медиумите, Александар и Борче се во роднинска врска, но засега е непознато дали се браќа./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

