Црна хроника
Голема тепачка во Гостивар поради непочитување на предност на минување
Полицијата во Гостивар спречила поголем инцидент и морала да испука неколку куршуми во воздух откако неколкумина гостиварци започнале расправа околу тоа кој има предност на минување.
Инцидентот се случил пред ресторанот „Бејби Блу“, при што полицајците забележале голема група граѓани, а сообраќајот бил блокиран. Близу ресторанот имало оштетено возило „форд мондео“ со гостиварски регистерски таблички. Полицајците се обиделе да ги смират присутните, а до тепачката дошло откако Е.М. од гостиварското село Здуње и неговиот пријател од Балин дол, почнале да бегаат, и по нив почнале да трчаат и И.Д. и Д.Д., двајцата од Гостивар.
Полицајците потоа не можеле да ги смират гневните гостиварци кои започнале со меѓусебна пресметка, па еден од полициските службеници испукал предупредувачки куршуми во воздух./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

