Црна хроника
Насилници претепаа штипјанец

Двајца насилници претепале штипјанец додека управувал мопед по улица „Радански пат“ во Штип, соопшти МВР.
Инцидентот се случил во неделата вечерта околу 1 часот, а триесетгодишниот штипјанец со тешки повреди бил пренесен во штипскиот клинички центар.
По инцидентот приведени се двајца штипјани на возраст од 19 и 20 години, осомничени дека учествувале во инцидентот.
Приведените и се познати на полицијата и досега се пријавувани за сторени кривични дела./крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведени седум странски државјанки при акциска контрола во угостителски објекти во Тетовско и Гостиварско

Ноќеска во време од 22 часот до 02 часот, врз основа на претходно изготвен план од страна на СВР Тетово и ОВР Гостивар, била извршена акциска контрола во угостителски објект- ноќен бар во с.Желино, сопственост на J.Ф.(47) од с.Желино, за откривање на странски државјани, илегален престој и злоупотреба на туристичкиот престој.
При контролата во објектот, затекнати биле пет државјанки на Р.Албанија, на возраст од 24 до 50 години.
Исто така, во угостителски објект- ноќен клуб во с.Зубовце, гостиварско, сопственост на Р.Б.(50) од с.Добридол, затекнати се две државјанки на Р.Албанија, на возраст од 33 и 36 години.
Поради злоупотреба на туристичкиот престој и престојување спротивно на целта, тие биле задржани во Полициските станици Тетово и Гостивар за понатамошна постапка.
Црна хроника
Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево

Вчера во периодот од 16.00 до 22.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција-Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на ОВР Кичево, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
„При контролата санкционирани се 86 возачи од кои: 25 лица за возење без возачка дозвола, 10 возачи за управување на моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола и полиса, еден возач кој управува моторно возило под дејство на алкохол, двајца возачи кои управувале возило со несоодветна категорија, еден возач кок управувал возило со неисправно светлосно сигнални уреди, 15 возачи за некористење на заштитен шлем-кацига, еден возач на возило со затемнети стакла без извршен А-тест, две мерки кон возачи кои исто така вршат јавен превоз на патници без да извршат вонреден технички преглед, една мерка кон возач кој не ја поседува пропишаната опрема во возилото, две одземени возачки дозволи по член 341 од ЗБСП како и одземени се два мотоцикли по член 344 од ЗБСП и превземени се мерки против 28 учесници во сообраќај за останати сообраќајни прекршоци“, соопшти МВР.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, додаваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Црна хроника
Детали за сообраќајната несреќа кај Бит-пазар: велосипедистот со тешки повреди пренесен во болница

МВР со детали за вчерашната сообраќајна несреќа што се случи кај Бит Пазар, а во која учествуваа автомобил и велосипедист.
„На 08.07.2025 во 13.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната С.А. и велосипед управуван од А.Ј.(32), двајцата од Скопје“, велат од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.