Црна хроника
Кежаровски осуден на четири и пол години затвор
Новинарот на весникот „Нова Македонија“, Томилав Кежаровски, е осуден на четири години и шест месеци затвор, за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“.
Судијата му го продолжи притворот на Кежаровски до правосилноста на пресудата, иако новинарот низ солзи побара да биде ослободен од притвор бидејќи условите таму биле неподносливи, јави репортерот на „Макфакс“.
Судијата во случајот „Ореше“, Илија Танев, е осуден на 2 години и 6 месеци затвор, истражниот судија Валентин Зафиров на 5,5 години затвор, обвинителот Ивица Ефремов на четири години и шест месеци затвор.
Сите се обвинети за злоупотреба на службената положба и за незаконско посредување.Врховниот судија во пензија Борис Николовски и поранешниот велешки судија Сашко Лазаров, осудени се на една година затвор, а Јане Павловски – Тица и Сабедин Џини Хофман осудени се на една година и шест месеци затвор.
Последните четворица се пуштени од притвор.
Пресудата за новинарот на весникот „Нова Македонија“ доаѓа по многубројните повици за неговото ослободување од повеќе новинарски организации и претставници за граѓанскиот сектор.
Пред да биде осуден, Кежаровски на рочиштата порача дека никогаш не загрозил нечиј живот, туку дека само ја извршувал својата новинарска работа.
Во однос на откривањето на идентитетот на заштитениот сведок, Кежаровски неколку пати изјави дека тој е жртва и колатерална штета за да се сокрие самооткривањето на сведокот.
Во судскиот процес за случајот „Ликвидација“, во кој еден од осумте обвинети е и новинарот Томислав Кежаровски, на обвинителната клупа седнаа уште седум лица, меѓу кои судии, јавен обвинител и адвокат.
Обвинетите се товарат за примање поткуп, злоупотреба на службена должност, неовластено откривање на сведоци, недозволиво поседување оружје и друго. Кежаровски беше приведен поради текст објавен пред пет години во кој го открил идентитетот на заштитен сведок.
Акцијата „Ликвидација“ се подготвувала со години, соопшти МВР. Случајот е поврзан со убиството на Лазар Милошевски (74) во 2005 година во велешкото село Ореше.
Осомничени за убиството беа браќата Ордан и Љупчо Ѓорѓиевски, а како нарачател се спомнуваше Ѓоре Петровски, Македонец што живее во САД.
Во март годинава, тројцата обвинети беа ослободени од вина./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возач фатен со 1,99 промили алкохол во крвта и активна забрана за управување возило
Вчера во 21:10 часот на автопатот Куманово-Велес, кај клучка Аеродром во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишија од слобода Т.А(54) од Велес.
Имено, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „ланчиа“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Т.А. и по преземени мерки и извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 1,99 промили алкохол во крвта и дека имал активна забрана за управување возило.
Лицето од страна на полициските службеници е лишено од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

