Црна хроника
Пет убиени во Тексас
Чарлс Еверет Броунлоу во американската сојузна држава Тексас убил пет лица, меѓу кои и мајката и тетката, а уапсен е по потера во гратчето Терел, педесетина километри источно од Далас, соопштија во вторникот локалните власти.
Овој 36-годишник убил пет лица на четири локации, во нивните домови и продавници, а полицијата засега не располага со информации за можниот мотив за овој убиствен поход, пишува The Chicago Tibune.
„Спроведуваме сеопфатна истрага и се уште прва грижа ни е да ги известиме преживеаните членови на семејствата“, изјавил портпаролот на локалната полиција, А.Д. Сансом.
Полицијата прво во понеделникот попладне открила тело на жена во нејзиниот дом, а пожарникарите малку подоцна во домот на убиецот, каде што избил пожар, ја пронашле втората мртва жена, застрелана со огнено оружје. Полицијата тогаш започнала потера по Чарлс Еверет Броунлоу, па во друг дом пронашла уште една мртва жена и убиен маж. Додека тригодишното момченце било пронајдено живо во неговото креветче.
Следејќи го движењето на неговиот автомобил, при што бил користен и хеликоптер, ги одвело до една продавници, полицијата ја нашла и петтата жртва, застрелан маж. Потоа следела автомобилска потера, при што Броунлоу со својот автомобил бегал кон шумска област, но подоцна сепак бил уапсен.
Весникот потсетува дека на почетокот од годинава во истото гратче се убиени окружниот обвините и неговата сопруга, како и помошникот на окружниот обвините.
„Сите сме во шок. Ова што се случи има големо влијание врз нас“, изјавил за The Dallas Morning News, Џоди Леј началник на полицијата во Терел. „Имавме тешка година во Кауфман Каунти“, додал Леј./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

