Црна хроника
Бобан Насев осуден на четири и пол години затвор
Сопственикот на порталите „безпардон“, подоцна преимнеуван во „комуникација.мк“ коишто веќе не постојат, Бобан Насев е осуден на четири и полгодини затвор за измама, јавува весникот „Нова Македонија“.
Обвинителството докажало пет од осум случаи на измама, еден од оштетените во текот на постапката сам го повлекол обвинението, а за два случаи обвинителството само го сторило тоа.
Одбраната е незадоволна од судската пресуда зашто тие се надеваа на преиначување на делото од измама во лажно претставување, поради што најави жалба.
„Ние и понатаму тврдиме дека кај нашиот клиент нема елементи на измама, туку само за лажно претставување и ќе бараме преиначување на делото во жалба до Апелација“, истакна Дарко Џорлев, адвокат на Насев.
Случајот со сопственикот на порталот Без пардон, подоцна Комуникација.мк, е актуелен од мај годинава откако осум лица поднесоа пријава против Насев во која го обвинуваат дека претставувајќи им се како висок функционер на неколку државни министерства или раководител на институции им ветувал вработувања и други поволности. За возврат, сите на него му исплатиле големи суми на пари од една до 10.000 евра.
До правосилноста на пресудата Насев останува во притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

