Црна хроника
Литванец се обидел да прошверцува 16 кг. марихуана на Табановце
На граничниот премин „Табановце“, во петок утрото, царинските службеници спречија обид за шверц на 16 килограми марихуанa.
Имено, во 8 часот, за излез од Македонија на граничниот премин „Табановце“ се пријавило патничко моторно возило марка Mercedes Benz со германски регистарски ознаки управувано од литвански резидент со возачка дозвола издадена од Велика Британија.
Поради сомнително однесување на Литванецот, кој престојувал во Тирана, па Скопје, извршен е детален преглед на возилото при што во подот, под ладицата и во двата калника од предните тркала се пронајдени 28 пакувања со марихуана со различни форми и тежина. Во пакувањата обвиткани во црни најлонски кеси, пронајдена е марихуана со вкупна тежина од 16 килограми.
Од спроведената предистражна постапка утврдено е дека осомичениот тргнал од Литванија кон Германија кај негов пријател кој му го купил возилото со кое тој ја пренесувал марихуаната. Осомничениот од Германија со купеното возило го продолжил движењето кон Албанија преку Унгарија, Србија и Македонија. Во Тирана, Албанија останал 10 дена и таму повторно се сретнал со неговиот германски пријател на кого осомничениот му ги дал клучевите од возилото. По пет дена возилото му било вратено и така подготвеното со сокриена марихуана осомничениот го презел од договореното место и вчера вечер преку граничниот премин Ќафасан се упатил кон Македонија со цел дрогата да ја пренесе до Литванија.
Вредноста на марихуаната во малопродажба на западноевропскиот пазар изнесува 20 евра за една цигара од 1 грам, па така доколку оваа количина би завршила на западно европскиот нарко пазар вредноста би била 320 илјади евра.
Од почетокот на годината до сега откриени се вкупно 21 обиди за пренос на марихуана преку македонската граница, при што се запленети околу 700 кг марихуана.
Против сторителот, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Основно јавно обвинителство во Куманово./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

