Црна хроника
Кривични пријави за тројца скопјани за производство и давање дрога на малолетник
Три лица од Скопје се приведени и од истражен судија одреден им е 30-дневен притвори и против нив е поднесена кривична пријава поради сомневање дека произведувале, продавале и овозможи користење дроги на малолетно лица
Како што соопшти во саботата Министерството за внатрешни работи, Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против 21-годишниот Ј.И., 28-годишниот К.И. о 22-годишниот К.В., сите од д Скопје, поради постоење на основано сомнение дека ги сториле кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“.
При нивното откривање биле пронајдени се и одземени 87 ткн зипер кесички, дигитална вага и едно пакување облепено со селотејп лента со марихуана со вкупна маса од 208,88 грама, како и огледало, банкнота од 100 денари, пластична картичка на име К.В. и зипер кесичка со остатоци од кофеин и лидокаин.
Имено, по претходно добиени сознанија дека тројцата пријавени се занимаваат со нелегални активности со марихуана, Единицата за недозволена трговија преземала соодветни мерки и активности за нивно фаќање и обезбедување материјални докази. Така, на 31-ви октомври, бил извршен претрес на домот во кој привремено престојува Ј.И. на улицата „Oтокар Кершовани“ во скопската населба Чаир, кога биле откриени споменатите предмети. За време на претресот покрај тројцата сега кривично пријавени, во станот биле затекнати уште три лица, од кои едно малолетно, при уживање во дрога.
Од извршените разговори полицијата дознала дека кон крајот на октомври тројцата заедно и уште едно непознато лице од ја набавиле марихуаната, ја однеле во привремениот дом на еден од нив, во кој потоа се откриени, каде што дел ја препакувале во помали количини во зипер кесички и ги чувале со намера да ги продадат, а дел од неа ја овозможувале за уживање на други лица во истиот стан. Сите тројца инаку, и претходно и’ се познати на полицијата како сторители на кривични дела./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

