Црна хроника
Шверцувале 400 илјади евра во своите тела
Две Еквадорки се приведени на аеродромот „Шипхол“ крај холандската престолнина Амстердам откако е откриено дека во своите тела сокрила речиси 400 илјади евра, објави холандската полиција која не објавила поединости овен штурото соопштение дека „можете да замислите во кои отвори на телото е можно да се сокријат пари“.
Двете жени на возраст од 38 и 39 години се приведени на аеродромот „Шипјол“ по летот од Мадрид, откако контролата открила 8.000 евра во банкноти од по 500 евра во нивниот личен багаж. „Темелниот преглед покажа дека жените сокриле пари во своите тела“, се наведува во соопштението на полицијата.
Жените, исто така, проголтале пари пресувани во цилиндрични ролни натискани во презервативи и целофан. Вкупно се пронајдени околу 400 илјади евра. Во нивите тела, и сите во банкноти од по 500 евра.
Според фотографиите коишто ги презентира холандската полиција, снопчињата биле со големина од 4,5 сантиметри, и според објаснувањето биле потребни неколку дена сите пари да излезат од нивните тела.
Еквадорките се притворени, а истрагата треба да го покаже потеклото на парите кои се обиделе непријавено да го внесат во Холандија на начин кој е вообичаен за шверц на дроги./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена дрога во тетовско, уапсени две лица
Вчера во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.А.(20) и Ф.А(20) двајцата од с.Боговиње.
При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени двајца малолетници од Скопје, не застанале на полициска патрола, со мотоцикл удриле полицаец
Ноќеска во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода и приведоа двајца 16-годишници од Скопје.
При вршење службени дејствија, околу 00:10 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но тој не застанал на знак за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден полициски службеник и му нанел повреди.
Набргу, по преземени мерки мотоциклот е запрен и тие се фатени, при што малолетниот сопатник агресивно се однесувал кон полициските службеници.
По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Топ
Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница
Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне.
Како што било пријавено во ОВР Дебар околу 11:35 часот од Итната медицинска помош, 40-годишниот С.К. од Дебар починал на пат кон болницата во градот. Според информациите, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што бил ангажиран на работа.
По несреќата, повредениот бил пренесуван кон болницата, но им подлегнал на повредите за време на транспортот.
На местото на настанот излегле трудов инспектор и јавен обвинител, а по нивна наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на локацијата извршила екипа од ОВР Дебар.

