Црна хроника
Смени на началници во МВР, одделот за посебни единици, ЕБР
Смени на началници во секторите за внатрешни работи, смени во одделот за посебни единици, единицата за брза интервенција и многу други се направени во Министерството за внатрешни работи и направена е реорганизација во Бирото за јавна безбедност со цел зголемување на безбедноста, зголемување на интегритетот на полицијата и ефикасноста и економичноста.
Нови вработувања нема, но направена е реорганизација на вработените, сите што се сменети се унапредени, никој од нив не е девалвиран, брифираат од Министерството за внатрешни работи.
На местото на началникот на секторот за внатрешни работи Скопје, Апостол Стојановски доаѓа Горанчо Савовски, додека Стојановски е именуван за помошник началник на Централна полициска служба.
Сменет е и началникот на СВР Струмица, Марјан Наковски кој е унапреден во помошник директор за криминалистичка полиција, а на негово место доаѓа инспекторот Ѓорѓи Божинов.
И СВР Тетово доби нов началник, Фередин Зенуни, доаѓа на местото на Шефик Бајрами.
Досегашниот командант на единицата за брзо распоредување станува командант на одделот за посебни единици.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков ја објасни реорганизацијата на секторите во МВР.
Секторите во рамките на Бирото сега се зголемија на шест со што одделни области на работа на полицијата добија поголема важност.
Со промените Секторот за криминалистичка полиција и полиција се подели на три нови сектори, Сектор за криминалистичка полиција, Сектор за полициски работи од општа надлежност и Сектор за сообраќај.
Секторот за аналитика и документирање се преименува во Сектор за криминалистичко разузнавање и анализа. Останатите Сектори за човечки ресурси, за гранична полиција и миграција остануваат без поголеми промени во структурата. Новина и тоа што поголема важност добива и Регистарот за соработка со НАТО и безбедност на класифицирани податоци. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

