Црна хроника
Украдени компјутери од училишта во тетовско

Компјутери, глувчиња, тастатури викендов биле украдени од две основни училишта во тетовските села Брвеница и Челопек, соопшти МВР.
Од кабинетот по информатика од основното училиште „Кочо Рацин“ украдени биле три куќишта за компјутер, додека од основното училиште „7-ми Март“ украдени биле седум глувчиња и една тастатура.
Полицијата ги бара крадците./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Хашиш најден во Струмица

МВР информира дека вчера во 16.45 часот во Струмица полициски службеници го лишиле од слобода Р.П.(37) од Струмица во чиј дом бил пронајден хашиш.
-При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден хашиш, дигитална вага и дробилка, а при личен претрес на Р.П. било пронајдено полиетиленско ќесе со хашиш. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, наведува МВР.
По документирање на случајот, против Р.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен 61-годишен маж: бил затекнат како предизвикува пожар во скопско Огњанци

Денеска полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во село Огњанци го затекнале 61-годишниот А.Ф. од село Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител.
Црна хроника
Со комбе му ја загрозил безбедноста на мотоциклист во Струшко

Вчера во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Делогожда, Л.Ж. , кој управувал комбе, му ја загрозил безбедноста на В.Д.(35), двајцата од истото село, кој на патот управувал моторцикл.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.