Црна хроника
Двајца повредени и повеќемина приведени на натпреварот Вардар – Металург

Двајца повредени и повеќемина приведени навивачи е билансот од вчерашниот натпревар меѓу ракометните клубови Вардар и Металург, соопшти МВР.
Околу 150-200 навивачи на Вардар фрлале камења, шишиња и други предмети кон полицајците затоа што не ги пуштиле во спортската сала „Борис Трајковски“ каде што се играше натпреварот.
Повреден е четириесет иедногодишен скопјанец кој бил задржан на лекување во градската боилница и вработен во агенцијата за обезбедување „Перпетум мобиле“ кој го обезбедувал натпреварот. Тој бил пренсен на лекување во ургентниот центар во Скопје.
Приведени се повеќе лица поради сомнение дека го нарушиле јавниот ред и мир, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Металур синоќа го порази Вардар во дерби мечот од 6-то коло во Ц групата во Лигата на шампиони./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.