Црна хроника
Новиот обвинет во Монструм тврди дека никогаш не бил на Смилковско
Последниот обвинет за случајот Монструм, Сами Љута, кого обвинителството го товари дека бил логистика во случајот и дека чувал стража на местото на убиството денеска ги негираше обвиненијата и тврдеше дека никогаш не бил на Смилковското езеро.
Денеска судењето за петкратното убиство кај Смилковци почна од почеток, бидејќи Љута како седмообвинет седна на обвинителна клупа откако беше уапсен летоска врз основа на новите докази на обвинителството.
Според обвинителството, Љута заедно со уште неколку непознати лица три дена по убиството и на денот на убиството се шетал на Смилковското езеро и собирал податоци за тоа какви лица се движат во овој предел и од која националност се. Исто така, според обвинителството тој бил задолжен да им помогне на обвинетите за убиството да побегнат.
Љута пред судот тврдеше дека никогаш не бил на Смилковското езеро и дека критичниот ден ги извршувал работните обврски, работел со гипс и на фасади на објекти, а потоа играл канер страјк.
Тој се занимавал со риболов, но никогаш не рабарел на ова езеро. Обвинетите пред судот рекоа дека немале комуникација со Љута освен што го познавале како мајстор со гипс.
Судењето за убиството на четирите момчиња и рибарот почна повторно, на обивнителна клупа се четворица, а на двајцата првообвинети им се суди во отсуство бидејќи се уште не се екстрадирани од Косово каде им суди за нелегално поседување на оружје./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

