Црна хроника
Македонец приведен во Србија бидејќи си го претепал детето
Службениците на Полициската управа во Нови Пазар поднела кривична пријава против македонскиот државјанин Н.Б. (27) поради основано сомневање дека извршил кривично дело насилничко однесување кон своето дете, јавуваат српските медиуми.
Полицијата го притворила под сомневање дека во понеделникот околу 19 и 30 часот на своето петмесечно дете му нанел повреди по главата и вратот.
Министерството за внатрешни работи на Србија утврдило дека по Н.Б. Интерпол има распишано потерница по што го предала осомничениот на Високиот суд во Нови Пазар.
Судот му одредил мерка екстрадиционен притвор, се наведува во соопштението до медиумите./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец ја нападнал партнерката во возило во центарот на градот
Полицијата во Скопје го приведе 36-годишниот Д.Л. од овој град, по пријава за физички напад врз неговата партнерка.
Како што соопшти МВР, вчера околу 13:30 часот, мажот бил приведен по пријава дека на 4 јануари 2025 година, додека се движеле со неговото патничко возило на подрачјето на Центар, физички ја нападнал неговата 36-годишна партнерка.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
На автопатот кај Гостивар: Платиле гориво со сомнителни 50 евра, па биле приведени
Двајца мажи биле приведени поради сомнеж за фалсификување на пари, откако на бензинска пумпа кај селото Жеровјане платиле со банкнота за која имало сомнеж дека е лажна.
Се работи за С.С. (31) од Гостивар и Ч.Ј.Б. (24) од Турција кои биле уапсени вчера на автопатот Гостивар–Тетово.
Двајцата околу пладне со „цитроен“ дошле пред бензиската пумпа. Ставиле гориво и на вработениот му дале банкнота од 50 евра, за која се посомневал дека е фалсификувана.
Лицата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.
Црна хроника
Тешко повредени двајца млади лица во судир меѓу автомобил и трицикл во Скопје
Во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на булеварот „Србија“ во Скопје, тешко биле повредени две лица кои се превезувале со трицикл „томос“.
Според информацијата од СВР Скопје, на 6 јануари 2026 година околу 21:50 часот било пријавено дека дошло до судир меѓу патничко возило „даихатсу“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ј.Ч. (63) од Прилеп, со престој во Скопје, и трицикл „томос“ управуван од М.С. (18) од Скопје.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на трициклот М.С. и неговиот сопатник С.Р. (23), додека со телесни повреди се здобил и уште еден сопатник, И.С. (19). Повредите биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.

