Црна хроника
Еден загинат и двајца тешко повредени на патот Прилеп – Битола
Педесет и петгодишниот Ѓоре Саздоски од Прилеп го загуби животот, а 61-годишниот Илија М. и неговиот 27-годишне син Влатко од Кавадарци се тешко повредени и се борат за живот по сообраќајката што се случила во неделата наутро околу 8 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, во близина на селото Тополчани.
Според СВР Битола, сé уште не е утврдено како точно дошло до несреќата, се знае само дека настанала меѓу моторното возило фолксваген со кој управувал Саздоски и комбето „фиат“ што го возел Илија М. Притоа, комбето целосно изгорело.
Полиција, јавен обвинител и истржен судија кој наредил обдукција на загинатиот прилепчанец, моментно вршат увид на местото на незгодата.
Магистралниот пат Прилеп – Битола е затворен за сообраќај и е пренасочен по стариот пат./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

