Црна хроника
Украдени 5.000 евра од куќа во Гостивар
Непознат сторител во саботата извршил тешка кражба во куќа сопственост на Р.И.(65) во Гостивар улицата “18 Ноември” при што одзел 5.000 евра.
Кражбата е сторена на начин што сторителот преку дрвени скали се качил на светларникот од куќата, насилно го отворил прозорецот и по извршено пребарување ги одзел парите.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе
Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот, во семејниот дом физички го нападнала своето шестмесечно бебе.
Бебето било итно пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана лекарска помош.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Жена од Кратово нападнала вработени во Центарот за социјални работи
Полицијата во Кратово поднесе кривична пријава против Е.М. (38) од овој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти МВР.
На 3 октомври 2025 година, во Кратово, пријавената со дрвен предмет се обидела да нападне вработено лице во Јавната установа „Центар за социјални работи“ – Кратово, а упатувала и закани кон други вработени во установата додека ги извршувале своите работни задачи.
Топ
Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром
Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“ изгубил контрола и удрил во контејнери и во паркирано возило алфа Ромео. Осомничениот, 22-годишниот М.А.А. од Турција со привремен престој во Скопје, избегал од местото, јави Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, настанот се случил вчера во 22:50 часот. Полицијата го лоцирала возачот по кратка потера и го привела. При алкотест му биле измерени 0,97 промили алкохол во крвта, а по распитот бил изнесен пред судија за прекршоци.
Осомничениот се товари за 3 прекршоци, недозволена брзина, напуштање на лице место и возење под дејство на алкохол.

