Црна хроника
Нова потрага во охридско по исчезнатата Маја

Охридската полиција во раните утрински часови во средата започна уште една акција за преглед на поширокиот планински предел во општината Дебарца во потрага по малолетната девојка којашто е пријавена за исчезната на 12-ти ноември 2013 година.
Акцијата во средата се одвива во атарот на селото Велмеј, а се спроведува по наредба на јавен обвинител од Охрид.
Оваа полициска активност е поврзана со пребарување на планинските места за пронаоѓање на исчезнатата малолетна девојка од селото Лешани, која во СВР Охрид на 12-ти ноември минатата година беше пријавена како исчезнато лице од страна на нејзиниот татко.
Припадниците на СВР Охрид вршат пребарување на поширокиот планински појас околу местото Натнасер бачила и околните предели во атарот на селото Велмеј. Акцијата започна рано утрото, а во неа учествуваат повеќе полициски службеници од полициската станица Охрид.
СВР Охрид во изминатиов период презеде неколку вакви пошироки акции за пребарување на планинските предели над селото Лешани и околните села како и во планинскиот појас во правец на Славеј планина./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.