Црна хроника
Се утврдува идентитетот на трупот пронајден во атарот на селото Велмеј

Мртвото тело кое е пронајдено во месноста „Натнасер бачила“ во атарот на охридското село Велмеј во месноста, каде од среда во тек е полициска акција, неофицијално, е на исчезнатата малолетна девојка од село Лешани, Дебарца, јавува Охрид њуз.
Трагите и доказите кои биле пронајдени на местото на настанот укажуваат дека најверојатното се работи за исчезнатото девојче по кое полицијата трагаше подолг период.
Врз пронајденото тело во четврток ќе биде извршена обдукција, која треба да го утврди точниот идентитет и причините за настаната смрт.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, изјави дека официјална информација поврзана за случајот ќе биде дадена откако ќе заврши целокупната истрага која е во тек. /крај/охридњуз
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пијан скопјанец возел во спротивна лента и удрил во друг автомобил, повредено едно лице

Поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец.
Осомничениот, вчера во вечерните часови, под дејство на алкохол од 1.34 промили, управувал туѓ автомобил „Фолксваген пасат“ на улицата „Христо Татарчев” во Кисела Вода.
Иако бил свесен дека поради неговото однесување во сообраќајот може да настапи штетна последица, се согласил со нејзиното настапување. Со возилото преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока и со предниот лев страничен дел од автомобилот удрил во возило „Фиат стило“ кое доаѓало од спротивна страна. Во незгодата со телесни повреди се здобила сопатничката од автомобилот „Фиат стило“.
Со цел непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител побара од судијата на претходна постапка да определи мерка на претпазливост – привремено одземање на возачката дозвола на осомничениот и забрана за издавање нова.
Црна хроника
Неколкумина повредени во сообраќајна незгода во Тетовско

Вчера во 12.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат село Боговиње-село Урвич, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(52) од село Шипковица, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(68) од село Ново Село, тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.И.М, сопатничка во возилото „форд“, додека со телесни повреди се здобиле возачот Ф.Р. и останатите сопатнички од возилото „форд“, С.Л., М.А., М.Џ и М.Д., констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Малолетник нападнат во парк во Кисела Вода

Вчера во СВР Скопје, 37-годишната Ф.И. од Скопје пријавила дека околу 19.50 часот во парк на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно машко лице, кое, исто така, било во паркот со неговото дете.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.