Црна хроника
Причина за смртта на исчезната девојка е хипотермија
Мртвото тело кое беше пронајдено во месноста „Натнасер бачила“ во атарот на охридското село Велмеј и припаѓа на 14-годишната Маја Блажеска од Лешани,а најверојатната причина за смртта е хипотермија.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски во петокот попладне информираше дека точниот идентитет на девојчето е утврден со обдукцијата што беше извршена во четвртокот, пренесе OhridNews. „На безживотното тело не се забележани траги на насилство. Од досегашните информации со кои располагаме од обдукцискиот наод најверојатно причина за смртта е хипотермија, односно губење на телесната топлина како резултат на подолготрајна изложеност на екстремно ниски температури кои што владееле на тоа подрачје. Се работи за висок планински предел на надморска висина од околу 1500 метри“, изјави портпаролот Димовски. Кога точно настапила смртта и како девојчето се нашло во планинскиот предел, се’ уште не е познато и дополнително ќе се истражува, посочи Димовски. Портпаролот на СВР Охрид истакна дека полицијата и натаму ќе остане фокусирана на случајот со цел расветлување на сите околности кои доведоа до трагедијата.„Тука нашите активности не завршуваат, ние ќе треба комплетно да ги расветливме сите аспекти. Малолетната девојка имала одредени контакти и запознавање со момче во Скопје, што како информација ние ја споделивме со јавноста. Што всушност се случило, како се нашла на тој висок планински предел, ќе треба дополнително да се утврдат тие моменти со цел настанот да добие конечен епилог„истакна Димовски.Телото на Маја која се водеше како исчезната околу еден месец, беше пронајдено пред два дена во атарот на селото Велмеј, при големата потрага спроведена по наредба на јавен обвинител од Охрид.СВР Охрид презеде голем број мерки со цел пронаоѓање на исчезнатото девојче. За цело време бевме во контакт со семејството на исчезнатата и презедовме широки активности на територијата на Дебарца, каде во месноста „Натнасер бачила“ пред два дена го пронајдовме безживотното тело. Изразуваме жалење за трагичниот исход од овој настан“ рече Домовски.Маја Блажеска како исчезната се водеше од 12-ти ноември, а по неа беше распишана и меѓународна потерница. /крај/ Ohridews
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

