Црна хроника
Пожарот во Ramstor Mall брзo и ефикасно изгаснат
Во работниот дел на локалот “Истанбул кебап”, во трговскиот центар “Рамстор”, во вторникот изутрина околу 09:45 часот изби пожар од мали размери.
Ситуацијата веднаш беше ставена под контрола, а пожарот беше за многу кратко време изгаснат, како резултат на автоматското вклучување на системот за гаснење на пожар на трговскиот центар, т.н “спринкерски систем”, со кој располага “Рамстор”, се вели во соопштението на компанијата.Благодарение на брзата и ефикасна реакција на овој систем, немаше потреба од никаква интервенција од страна на противпожарната екипа, која исто така беше повикана и за многу кратко време пристигна на местото на случувањето.По санирањето на оваа ситуација, во која не е причинета никаква материјална штета, трговскиот центар “Рамстор” продолжи непречено да функционира. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

