Црна хроника
Четири тешки кражби за три дена
Во понеделникот вечерта околу 20 часот и 15 минути непознато лице вооружено со пиштол извршило разбојништво во продавницата „Деве Промет“ која се наоѓа на улица „Јосиф Ковачев“ во Скопје и од вработениот успеало да одземе 15 илјади денари од дневниот промет.
Друг грабеж пак се случил во стан на улица „Георди Казепов“во Скопје кога непознат сторител со соодветен предмет успеал да влезе во домот на Н.С. (50) од каде одзел 5.500 денари, 10 евра и златен накит по што избегал со пленот вреден 415 илјади денари.
Во Прилеп на улица „Самуилова“ арамија влегол во станот на А.П. (28) откако претходно насилно ја отворил влезната врата и извршил тешка кражба при што одзел 6000 евра и златен накит. Си заминал побогат за 450 илјади денари.
На 11.01.2014 година во 20,45 часот во продавница „Тандем маркет“ во Штип, Б.С.(25) вработен во продавницата бил физички нападнат од страна на непознато маскирано лице кое со закана со хебла се обидел да изврши разбојништво но истиот бил спречен во намерата. По преземени мерки во СВР Штип е повикано лицето Д.П.(29) од Штип поради сомнение дека е можен сторител на кривичното дело.
Полицијата ги презема сите потребни мерки за расчистување на случаите и разоткривање на инволвираните лица. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соответни пријави./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.