Црна хроника
Пресечен илегален канал за трговија со наркотици
Две лица се осомничените дека организирале транспорт на марихуана од Албанија преку Македонија со цел пренесување и продажба на дрогата на пазарот во Грција.
Основното јаво обвинителство во Прилеп поднесе кривична пријава против лицата Е.Б. (20) албански државјанин и Ф.Џ. (47) од Охрид поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прокурсори“.
Пријавените, во вечерните часови, со такси возило ја превезувале дрогата која била спакувана во две црни полиетиленски вреќи.
Откако кај селото Витолишта биле забележани и сопрени од страна на полициски службеници при Гранична полиција која извршила рутинска контрола и преглед на возилото, во задниот дел во багажникот, во патна торба била откриена непознатата растителна материја.
По вештачење било утврдено дека станува збор за 6.370 грама наркотична дрога марихуана.
Од страна на Судија за претходна постапка при Основниот суд Прилеп на пријавените лица определена им е мерка притвор во траење до 30 дена./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

