Црна хроника
Кривична пријава против пазарен инспектор
Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство против пазарен инспектор заради постоење на основано сомнение ја злоупотребил службената положба и овластување.
Пријавениот Ѓ.Ц. (57) од Скопје,во својство пазарен инспектор во Државниот пазарен инспекторат, бил должен да се грижи за законското исправно работење, а во предметниот случај особено во поглед на законско постапување по однос на Законот за потрошувачи.Негова должност било, доколку продавачот сервисира производ повеќе од три пати и истиот не може да се поправи, да му наложи на трговецот да го замени купениот производ на потрошувачот со нов производ или да му ги врати паричните средства во вредност на купениот производ.Меѓутоа, пријавениот спротивно на законските прописи, а со намера да овозможи противправна имотна корист за потрошувачот Д.Ѓ., во периодот 11.11.2013 до 17.01.2014 година ја злоупотребил својата службена положба и овластување со искористување и пречекорување на границите на своето службено овластување, при вршење инспекциски надзор во правно лице од Скопје и изготвил записник со кој му наложил на одговорното лице во фирмата да му го замени купениот производ на потрошувачот со нов, (исти таков лап-топ), а во спротивно ќе донел решение за затворање на објектот и изрекување парична казна-глоба, иако не биле исполнети условите за такво постапување согласно член 22 од Законот за потрошувачи. Имено според документираните сознанија потрошувачот Д.Ѓ. имал купено лап-топ кој што поради технички проблеми два пати бил сервисиран. По третото сервисирање во овластениот сервис потрошувачот бил известен да си го подигне лап-топот во исправна состојба но тој не се одзвал на поканите. Наместо тоа тој поднел пријава до Државниот пазарен инспекторат против трговецот.Пријавениот Ѓ.Ц. постапувајќи по пријавата пристапил кон инспекциски надзор во правното лице на 11.11.2013 година и притоа, и го задолжил одговорното лице на фирмата, во врска со наводите во доставената пријава до Пазарната инспекција да достави писмено известување до Државната пазарна инспекција.Сепак и покрај известувањето дека согласно член 22 од Законот за потрошувачи не биле исполнети условите за замена на производот или обештетување на потрошувачот пријавениот во повеќе наврати инсистирал телефонски и лично, заканувајќи се со глоби кој одговорното лице на фирмата да постапат спротивно на член 22 од посочениот закон и да му ги вратат парите на потрошувачот, односно 25.990 денари колку што чинел спорниот лап топ. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

