Црна хроника
Невооружен разбојник се заблагодари по грабеж на банка
Невооружен разбојник испеал да ограби банка во австриската престолнина Виена и пристојно им се заблагодарил на службениците пред да исчезне со пленот.
Мажот на возраст од околу 40 до 45 година, невооружен, околу пладне во понеделникот ограбил банка во виенскиот кварт Отакринг, ги ставил парите во пластична кесичка, се заблагодарил и мирно се упатил во насока на центарот на главниот град на Австрија. Брзото пребарување на областа од страна на полицијата не дало резултат.
Според портпаролката на виенската полиција, разбојникот „вербално нападнал“ службеник на благајната со зборовите „Ова е грабеж, дај ги парите“, кој потоа му ги дал бараните пари. Во времето на грабежот во експозитурата на банката чие име не е наведено, се наоѓале тројца службеници и две странки.
Виенската полиција трага по лице високо меѓу 170 и 175 сантиметри коешто зборувало „германски со странски акцент, со темна капа и за информации за него нуди награда од две илјади евра. Не се соопштува, исто така, ниту сумат којашто е одземена./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

