Црна хроника
Маж и жена тешко ранети во нивниот дом во Крива Паланка

Брачен пар од Крива Паланка поради тешки повреди здобиени од прострелна рана во нивниот дом од страна на непознат напаѓач заврши во Ургентниот центар во Скопје.
Според податоците на МВР, маскирано лице во вторникот доцна вечерта заѕвонило на влезната врата од куќата на С.К.(54) и С.К.(49), во Крива Паланка, откако му било отворено сторителот влегол и со огнено оружје пукал кон С.К.(54) нанесувајќи му прострелна рана во градниот кош, а на неговата сопруга и нанел прострелна рана во пределот на стомакотПовредените поради сериозноста на повредите од Здравствен дом Крива Паланка се пренесени во Ургентен центар Скопје. Извршен е увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за откривање на сторителот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.