Црна хроника
Грчки државјанин оштетил царинска пломба
Царинските службеници на граничниот премин Богородица при преглед на товарно моторно возило пријавено за излез од државата, открија оштетување на царинска пломба што претставува кривично дело казниво по закон.
На 4 февруари при преглед на товарно моторно возило со бугарски регистерски ознаки, управувано од грчки државјанин со иницијали Д.Г., царинските службеници открија оштетување на царинско обележје што претставува кривично дело „Симнување или оштетување на службен печат или знак“ казниво по Кривичниот законик.
Имено, осомничениот претходниот ден на влез во Македонија на граничниот премин Богородица се пријавил со возило натоварено со минерална вода наменета за краен корисник од Германија и отпочнал транзитна постапка која што требало да ја заврши на граничен премин Табановце.
На неколку километри пред Табановце, на бензиска пумпа, осомничениот го запрел возилото каде со употреба на физичка сила и рачен алат ја оштетил царинската пломба, потоа наместо да го продолжи движењето кон Табановце, завртел во обратен правец и повторно се вратил на Богородица, но сега на излез од Македонија. Царинските службеници при прегледот на возилото забележаа дека царинската пломба е оштетена, односно била на место предвидено за пломбирање, но истата била скината.
При повторно мерење на возилото констатирано е дека има разлика во тежина од 2440 килограми, односно недостигаат 5 палети од вкупно пријавените 27 со вода за пиење пакувана во пластични шишиња.
Одделението за истраги при Царинска управа го известила Основното јавно обвинителство – Гевгелија од каде добила упатства дека постои основано сомнение за сторено кривично дело, да се задржи осомничениот и возилото и да се поднесе кривична пријава до ОЈО Гевгелија.
По изготвената кривична пријава, осомничениот е предаден на Основниот суд во Гевгелија каде во предистражна постапка судијатата донесе решение со кое определи мерка притвор во траење од 8 дена поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Симнување или оштетување на службен печат или знак “./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Кучевиште
Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.
Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско.
На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Пијан 36-годишник од Кичево се однесувал агресивно во казино, двајца охриѓани се истепале во друго казино
Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.„Н“, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, извести СВР Охрид.
Исто така ноќеска во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа 36-годишниот Р.С. од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработените. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,06 промили алкохол во крвта. Тој е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

