Црна хроника
Две кражби во цркви во тетовско
Непознат сторител извршил тешка кражба во четвртокот во црквата „Св.Илија“ која се наоѓа во с.Стенче – Тетово, при што од касата на црквата одзел 43 илјади денари.
Арамијата откако влегол преку еден од прозорите на црквата со погоден предмет ја исекол металната каса, ги одзел парите и заминал од местото.
Вториот грабеж се случил во црквата „Св.Константин и Елена“, с.Вратница-Тетово, но при овој обид крадецот си заминал со празни раце.
Непознатиот сторител во четвртокот вечерта откако влегол во црквата увидел дека нема ништо што би му донело противправна корист и веднаш го напуштил објектот.
По направен увид на местата на грабежот од страна на полициските службеници се преземаат сите неопходни мерки за откривање на сторителите, информираат од Министерството за внатрешни работи./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

