Црна хроника
Седум малолетници извршители на тешки кражби во Скопје

Врз основа на оперативни сознанија за можна инволвираност како сторители, а согласно законските одредби од Законот за малолетничка правда, во временскиот период од 21.01.-05.02.2014 година, во ПС од ОН Центар биле приведени вкупно седум малолетни лица со кои полициските службеници оствариле службени разговори, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од добиените сознанија било утврдено дека лицата во периодот од 26.11.2013 година до 04.02.2014 година извршиле вкупно 12 тешки кражби од кои една во куќа, а 11 во деловни објекти.
Кражбите ги вршеле со употреба на погоден алат и по насилно отварање на влезните врати влегувале во објектите од каде одземале пари, техничка стока и прехрамбени производи кои потоа ги продавале на трети лица, а добиените пари ги трошеле за свои потреби, се вели во соопштението на МВР.
Со Судска наредба биле извршени претреси во нивните домови и помошни простории, при што биле пронајдени и одземени дел од предметите кои се пријавени за украдени, а кои повторно ќе им бидат вратени на оштетените сопственици.
Од страна на полициските службеници од ККР Центар во тек е докажување и документирање на нивна инволвираност и во други пријавени случаи на кривични дела – “тешки кражби“.
По целосно документирање, од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Малолетниците и претходно и биле познати на службата бидејќи повеќе пати биле кривично пријавувани за сторени кривични дела од областа на имотните деликти./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите законски овластувања, постапувајќи по наредба на јавен обвинител на 30.06.2025 во 18.30 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица ги лишија од слобода Е.Б.(32) од село Попчево, струмичко и А.С.(39) и А.С.(24) од скопско.
При преглед на патничко возило „голф“ со фалсификувани регистарски ознаки, управувано од Е.Б., биле пронајдени шест торби со 100 пакувања марихуана, со вкупна тежина од околу 100 килограми.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот, во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава и ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Струмица, соопштија надлежните.
Црна хроника
Тројца повредени, меѓу нив и малолетник: „митцубиши“ управувано од 18-годишник излета од патот во Демир Капија

Синоќа во 22.50 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на обиколницата во Демир Капија, патничко возило „митсубиши“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(18) од Демир Капија, излетало од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.П.(19) и малолетник, двајцата од Демир Капија, констатирани во Општа болница Кавадарци.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.
Црна хроника
Три автобуси и комбе опожарени во близина на бензинска пумпа во Кочанско

Денеска (01.07.2025) во 02.30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во нас.Оризари, кочанско се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма.
Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Штип. Повредени лица нема.
Полицијата соопшти дека во текот на денот ќе биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани.