Црна хроника
Евакуирано основно училиште во Тетово поради дојава за бомба
Поради лажна дојава за бомба учениците и наставниците од основното училиште „Братство- Миѓени“ во Тетово беа евакуирани во средата.
Директорката и неколку наставници од ОУ „Братство-Миѓени“ во Тетово по електронска пошта добиле заканувачка порака доколку не го напуштат објектот дека ќе се случи нешто лошо. Во пораката пишувало дека во училиштето е поставена бомба која ќе биде активирана доколку на заканувачот не му бидат оставени 100 илјади денари зад дрво во училишниот двор.
Полицијата го истражила теренот и било утврдено дека станува збор за лажна дојава. Во тек е истрага од каде е испратена електронската порака./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

