Црна хроника
Девојка призна над 20 убиства во САД
Деветнаесетгодишната американка Миранда Барбо којашто е во притвор под сомнение за убиство на еден маж, неочекувано признала дека е вмешана во убиствата на повеќе од 20 луѓе од неколку сојузни држави во САД, пишува The Daily Item.
Според изданието, притворената ги опишала своите злосторства во интервјуто за весникот, одобрено од властите и направено во петокот навечер во затворот, кое го снимале и правосудните органи. Миранда Барбо од ноември 2013 година се наоѓа во притвор под сомнение за убиство на 42-годишниот Рој Лаферара.
Притвореничката признала дека немала намера да го убие човекот, сѐ додека тон не кажал „погрешни работи. Потоа Барбо рекла дека била вмешана во други убиства извршени во последните шест години. На прашањето колку луѓе убила, Барбо одговорила: „Кога стигнав до 22, престанав да бројам. Можам да покажам на картата каде можете да ги најдете (жртвите)“, рекла. Бработ, исто така, кажала дека има намера да ја признае вината за убиството на Лаферара и да соработува со истрагата.
Истакнала дека се решила за интервју за Daily Item, за да не живее во лага, и според неа таа убивала „само лоши луѓе“. Барбо, исто така, рекла дека преживувала тежок период, а особено, откако била сексуално злоставувана уше од четвртата година а како 13-годишно девојче кога била вклучена во сатанистички обреди и учествувала во првото убиство. Детали за убиствата не дала, но истакнала дека нејзините жртви биле од сојузните држави Тексас, Северна Каролина, Калифорнија и Алјаска.
„Сметам дека е време да се излезе од сево ова. Не ми е грижа дали луѓето ќе и веруваат. Јас само сакам да излезам“, рекла во интервјуто.
Претходно американските медиуми пишуваа дека судот во Пенсилванија во декември одредил притвор за тогаш 18-годишната Барбо. Според документите на истрагата, таа се согласила да му пружи сексуални услуги за 100 долари на локален жител (Лаферара) со кој се запознала преку интернет. Меѓутоа, средбата за Лаферара се покажала кобна, тој бил брутално убиен со околу 20 убоди од нож, кој истрагата не успеала досега да го пронајде, а за кој самата Барбо признала дека го фрлила./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

