Црна хроника
Тешки кражби во Скопје и Кавадарци
Во две одделни кражби што се случиле на територијата на Скопје и Кавадарци арамии ограбиле два стана и притоа одзеле поголем број златни предмети и накит. Вкупната штета проценета е на 750 илјади денари.
Во средата на улицата „Вашингтонска“ во Скопје непознат сторител со употреба на сила влегол во домот на 28 годишниот З.З. при што одзел златен накит и се стекнал со противправна корист од околу 600 илјади денари, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Во Кавадарци, пак, на улица „7-ми Април“ од стан во сопственост на Љ.П.(34) разбојник откако со употреба на погоден предмет влегол во објектот извршил пребарување и одзел разни златни предмети, причинувајќи матерјалната штета од околу 150.000 денари.МВР интензивно работи на откривање на сторителите./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

