Црна хроника
Крадел чанти од жени во Аеродром
Триесет и тригодишен скопјанец напаѓал жени во населба Аеродром од зад грб и им ги крадел чантите, соопшти Министерството за внатрешни работи. Напаѓачот е осуден на три месеци затворска казна поради продавање дрога.
Б.М. (33) од Скопје во текот на изминатите три месеци на подрачјето на општина Аеродром нападнал две жени од зад грб и со употреба на физичка сила им ги крадел чантите.
Во првиот случај одзел женска чанта во која имало златно ланче, мобилен телефон, паричник со пари и други лични документи, а во вториот случај одзел мобилен телефон и паричник со пари и лични документи.
Притоа, по извршувањето на вториот напад Б.М. откако се качил во такси возило и се упатил кон Скопски Саем, од страна на единицата „Алфа“ бил пронајден и приведен во полициската станица „Бит Пазар“ каде го признал второто дело, а додека првото го негирал.
Полицијата поднесе кривична пријава против Б.М.поради основано сомнение дека извршил две кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“ за што од страна на судија во претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
Б.М. е регистриран сторител и на кривично дело „недозволена трговија со дрога“, за што е осуден на три месеци казна затвор.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.