Црна хроника
Полициската 'Канџа' фати 60-ина 'естрадни уметнички'

Ноќта кон неделата до раните утрински часови повеќе од 200 полициски службени од различни сектори беа ангажирани во една од најобемните акции, со кодно име „Канџа“ на Министерството за внатрешни работи и соработка со Управата за јавни приходи, за контрола во угостителски објекти и спортски обложувалници на подрачјето на Тетово и Гостивар, при што се откриени 64 странски државјанки со нерегулиран престој во Македонија а од 13 спортски обложувалници само една имала лиценца.
Целта на акциската контрола во угостителските објекти беше пронаоѓање странски државјанки со нерегулиран престој во земјата, кои се нелегално вработени во угостителските објекти како „пејачки“, „танчерки“, „придружнички“ односно келнерки, а кои се можни жртви на трговија со луѓе, додека целта на спроведувањето на акциската контрола во обложувалниците беше откривање на оние кои вршат дејност без лиценца како и кривични дела и прекршоци од Законот за игри на среќа и за забавните игри.
Во акциајта цел на контрола беа во Тетово и тетовски биле објектите и локалите „Енерџи клуб“, поранешен угостителски објект „Хилтон“ во Желино, „Ловец“, „Кораби“, „Ориентал Ас“ и „Баци“, како и „Равен – Кастриот“, „Бакарди“, „Били“ во село Чегране, „Били 97“ во Топлица, „Алпе Маре“ и „Нота“, исто така, во Чегране од подрачје на Гостивар.
При акциската контрола во угостителските објекти пронајдени се 64 странски државјани, од кои 61 женско и 3 машки лица. Од нив 58 женски и 3 машки лица се приведени во ПС Тетово и ПС Гостивар и против истите во текот на утрешниот ден од страна на Одделението за прекуграничен криминал, странци и реадмисија, ќе им бидат поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка согласно чл.153 с.1 т.2 од Законот за странци – Злоупотреба на туристички престој.
Освен овие лица, легитимирани биле и 391 државјанин на акедонија кои биле гости во споменатите угостителските објекти. При акциската контрола во два објекта севпронајдени и одземени три албански патни исправа на име на женски лица кои не се затекнати таму.
Исто така, во два од објектите, кај двајца од гостите, при извршен преглед на патничките моторни возила со кои пристигнале, се пронајдени два пиштола (еден во касета и еден под седиште). Едно од лицата изјавило дека пиштолот кој го поседувал е во постапка за добивање дозвола и оружјето е одземено до докажување на вистинитоста на изјавата, додека второто лице го поседувало пиштолот со дозвола.
Во друг објект од едно лице, при извршен преглед на патничкото моторно возило со кое пристигнал, пронајдени се и одземени се бејзбол палка и нож марка „Миков“. Кај друго лице од истиот локал, пронајдена е мало количество растителна материја која е одземена за вештачење. Двете лица се предадени за натамошна постапка на гостиварската полиција.
Инспекторите на Управата за јавни приходи (УЈП), пак, во сите објекти во кои е извршена контрола констатирале прекршоци по Закон за регистрирање на готовински плаќања, односно неиздавање фискална сметка и невоведување фискална сметка. за што се изречени парични глоби во висина од 750 евра за физички лица и 2.500 евра за правните лица.
Констатирани, исто така, биле и прекршоци од Законот за пушење и Закон за даночна постапка, а на дел објектите издадени им се Решенија за забрана за вршење дејност во времетраење од 30 дена.
Во делот од акцијата чија цел биле спортските обложувалници, била извршена извршена контрола во „Зеро Бет“, „Пица Лонг графити“, „Бет2деј“, „Кафе клуб 10“, „Бет 365“, „Еуро лото“, „Бундес“, „Еуро шанса“, „Там-бетинг“ и уште неколку објекти кои немаат назив.
Од контролите во спортските обложувалници во Тетово и Гостивар констатирано е дека работат незаконски, односно не поседуваат лиценци за работа, бидејќи од 13 објекти само обложувалницата „Евро-гол“ во Тетово поседувала лиценца за работа.
Во 12 спортски обложувалници од страна на УЈП се констатирани прекршоци по чл.158 и кривични дела по чл.156 од Законот за игри на среќа и за забавните игри, а исто така се издадени решенија за забрана на вршење на дејност. Легитимирани се 122 лица, а при легитимирањето пронајдени се две лица по кои се трагало по распишана потерница. Одземени се 263.453 денари и 440 евра, 55 телевизори, 29 компјутери, 20 монитори, 16 штампачи, седум ресивери, три читача за тикети, три печатача, три фискални апарата, два модема и два проектора./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
90 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Денеска (17.08.2022) во периодот од 14.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 90 возачи.
Од нив, 69 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 21 надвор од населено место. 31 возачи се санкционирани на територија на Ресен, 24 на територија на Демир Хисар, 16 во Прилеп…
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Жител на Кондово погоден од залутано зрно

На 16.08.2022 во 22.00 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен А.Р. (28) од с. Кондово.
Според пријавеното тој со повредата се здобил од залутано зрно во неговиот двор во с. Кондово.
Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Битола запленети се 250 килограми дрога вредна околу 800.000 евра

Вчера во Битола лишени се од слобода пет лица, а запленета е дрога во вкупна тежина од околу 250 килограми со проценета вредност од околу 800.000 евра, информираат од МВР.
По добиени информации дека во правен субјект за производство на канабис во медицински цели во Битола се врши производство на марихуана, и покрај донесената одлука и решение од страна на Владата на РСМ на 25.05.2021 за одземање на дозвола за одгледување на канабис за медицински цели, обезбедена е Наредба за претрес од Основен суд Битола.
При извршениот претрес на правниот субјект, во една од просториите затекнати се две женски лица во момент на обработка и пакување на сув цвет од канабис, додека во други простории на фабриката е пронајдена голема количина на сув цвет од канабис.
Во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, по комплетирање на целокупната документација против сите инволвирани лица во нелегално производство на марихуана ќе биде поднесена кривична пријава.