Црна хроника
Расчистен инцидентот во автобус од пред неколку дена
Скопската полиција до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против А.М. (15), А.Б. (16), Ф.И. (16) и Б.М. (16) сите од село Никиштани поради постоење основано сомневање дека на 19 овој месец во автобус на ЈСП бр. 64 извршиле кривично дело – “насилство“, при што без повод и причина физички нападнале и грубо малтретирале нивни врсник.
Кривичноправниот настан се случил околу 14,20 часот, во автобус на ЈСП бр. 64, кој се движел на релација Транспортен центар – с. Никиштани и обратно. Во наведеното време на автобуска постојка во с. Волково, меѓу другите патници, се качило и едно момче на 17 годишна возраст и седнало во долниот дел од автобусот, додека пријавените биле на горниот спрат од автобусот. После поминати две автобуски постојки, пријавените се симнале во долниот дел од автобусот и без никаков повод и причина физички го нападнале и грубо го малтретирале 17 годишното момче со што предизвикале чувство на страв и несигурност кај другите патници.По пријавувањето на настанот, полициски службеници од одделението за малолетничка деликвенција и семејно насилство превзедоа опертивни мерки и активности, при што пријавените се пронајдени и повикани со родители за да дадат исказ. Во исказите сите, освен А.Б. негирале дека го сториле делото, по што е извршено препознавање од оштетениот и очевидците, кои со сигурност ги посочиле четворицата пријавени малометници, како сторители на кривичното дело “насилство“. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Црна хроника
При контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од деца
Министерството за внатрешни работи информира дека се одземени ножеви и боксирач од малолетници при вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во периодот од 14:00 до 16:00 часот во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.
-При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР посочуваат дека сите малолетници се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.
Црна хроника
Возач на комбе не забележал човек зад возилото, го удрил и тешко го повредил
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 30 јануари 2026 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров се случила несреќа со тешки последици.
Според пријавата, М.Д., управувајќи товарно возило – комбе, при движење наназад не го забележал Д.З. (51) од Скопје, кој се наоѓал покрај ограда зад возилото, при што го удрил. Повредениот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

