Црна хроника
Откриени мигранти и запленети рачни часовници, бижутерија, автоделови…
Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници спречија еден обид за криумчарење на мигранти и повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани рачни часовници, бижутерија, автоделови, цигари, средства за хигиена, природни сирупи, метал-детектор, фалсификати и друго.
Царински инспектори од Одделението за истраги спречија обид за криумчарење на двајца мигранти со потекло од Пакистан. Во непосредна близина на граничниот премин Богородица, царинските инспектори лоцирале товарно моторно возило со турски регистарски таблички, натоварено со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Македонија, под царински надзор било упатено кон царинската испостава Скопје 2.
Непосредно пред истоварот на стоката, бил извршен преглед на возилото, при што меѓу палетите во предниот дел на камионот биле откриени две лица, илегални мигранти со потекло од Пакистан.
Лицата биле внесени во возилото од страна на лице кое било организатор, кој им ветил дека ќе бидат превезени до нивната крајна дестинација за надокнада од 500 евра по лице.
Организаторот ги довезол до паркинг просторот во близина на македонско-грчката граница, каде било паркирано товарното возило, ја скинал сајлата од бочната страна на возилото и без да бидат оштетени царинските обележја, успеал да ја отвори задната врата и да ги внесе лицата во товарниот дел на возилото.
По завршување на постапката од страна на царинските инспектори, мигрантите биле предадени на инспектори од отсекот за прекуграничен криминал и миграција при МВР.
Од стока, цариниците заплениле 135 рачни часовници, откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на автобус со турски регистарски таблички, пријавен за влез во државата.
Непријавените часовници биле пронајдени во две црни кеси, сместени под седиштето на патничка во автобусот, македонска државјанка. Вредноста на часовниците е проценета на околу 54 илјади денари.
Царина запленила и 7 модни додатоци-бижутерија (гердани, обетки и копчиња за кошули), откриени при извршен детален преглед на стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Кратово, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Скопје 1.
Цариниците исто така заплениле два резервни делови за товарно возило марка DAF (вентил и сушач на воздух), откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавените делови биле пронајдени во црна кеса, сместена под креветот, во кабината на возилото./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

