Црна хроника
Туристичка агенција од Скопје продавала лажни аранжмани за Банско
Сопственичка на туристичка агенција од Скопје продавала лажни хотелски аранжмани за зимување во Банско, Бугарија при што оштетила пет лица за околу 1.800 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.
На 31 октомври и на 6 декември, минатата година, лицата Ј.К., С.С., С.Ѓ., Ј.М. и И.Д. отишле во туристичка агенција „Тсц Аир Травел” во Скопје, со намера да уплатат шест, односно четири дневен туристички аранжман во хотел „Лаки” во Банско, Бугарија, за нив и членовите на нивните семејства.
Во агенцијата, А.М. (41) се претставила како сопственик и им понудила аранжмани во наведениот хотел за сума од 16.000 до 48.546 денари, во зависност од нивните потреби и бројот на лицата. Откако ги прифатиле понудените услови, таа им издала „пријави/договори за патување” потпишани од нејзина страна и заверени со печат од агенцијата, а воедно се договориле на нејзин телефонски повик повторно да дојдат и да извршат уплата на предвидените парични средства.
По извесен период, ги повикала и им кажала да извршат уплата на предвидените парични средства за туристичките аранжмани кои ги договориле и откако ги уплатиле им издала фискални сметки и „ваучери” за хотелско сместување во наведениот хотел и тоа за шестдневни аранжмани на лицето Ј.К. за уплата на 22.097 денари, лицето С.С. за уплата во два наврати во износ од 48.546 денари, лицето С.Ѓ. за уплата на 34.685 денари, Ј.М. за уплата на 17.484 денари која уплата ја извршил нејзиниот пријател С.Ѓ. и за четиридневен аранжман на И.Д. за уплата на 14.731 денари и уплата за повратна карта за превоз во износ од 4.675 денари.
На 13.01.2014 год., лицата отишле во туристичката агенција со намера да проверат дали е потврдена резервацијата при што пријавената А.М. ги убедувала дека аранжманот е платен преку „П-Груп” од Пловдив, Бугарија, и притоа на оштетениот Ј.К. му издала нов ваучер под ист број и дата за наводно полуксузни услуги, под изговор дека агенцијата го чести. Пред да заминат од агенцијата, оштетените лица од „газдарицата” А.М. го побарале факсот од хотелот, за што таа видно се вознемирила и повикала обезбедување од агенцијата со цел да интервенираат и да ги отстранат од објектот, при што истите на мирен начин го напуштиле објектот, а таа ги убедувала дека се е платено и дека се ќе биде во ред.
Следниот ден, оштетените со сопствен превоз отишле во Банско и кога во хотелот ги приложиле ваучерите рецепционерката им кажала дека за тие аранжмани, од „Тсц аир Травел” од Скопје имало уплатено за два дена престој и доколку сакаат да останат повеќе, ќе мора поединечно за секое лице да доплатат дополнителен износ во зависност од аранжманот, инаку во спротивно нема да им бидат издадени соби. Тогаш, истите увиделе дека се измамени и за да не се враќаат веднаш, одлучиле да ја извршат доплатата, за што од страна на хотелот им биле издадени фактури, при што Ј.К. доплатил дополнителен износ од 272 евра, С.С. 537 евра, С.Ѓ. 436, Ј.М. 272 евра и И.Д. 136 евра.
По ова, оштетените дополнително се информирале дека „Тсц аир Травел” од 14.01.2013 година е затворена, при што на вратата од објектот пишувало дека се на „колективен одмор”, а додека пријавената воопшто не се јавувала на телефонски повици. На 22.01.2014 година, во СВР Скопје од страна на сите оштетени лица се поднесени кривични пријави, против А.М. под сомнение за сторени кривични дела „измама”, со што ги оштетила за вкупен износ од 111.789 денари или околу 1.800 евра.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.