Црна хроника
Притворени двајца дилери од Скопје
Скопската полиција поднесе во вторникот кривична пријава против двајца скопски дилери на кои судот им одреди мерка притвор од 30 дена, соопшти Министерството за внатрешни работи.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22- и 24-годишни скопјани идентификувани со иницијалите Д.С. и Д.Т. до надлежното Основно јавно обвинителство поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
Пријавените во текот на февруари годинава, од засега две непознати лица, купиле одредено количество марихуна и синтетичка дрога амфетамин, кои ги препакувале за улична продажба и истите ги чувале во своите домови.
Припадниците на СВР Скопје, по добиеното сознание дека пријавените се занимаваат со недозволена трговија, извршиле претреси во нивните домови при што кај Д.С. се пронајдени и одземени 9,2 грама амфетамин и 341,17 грама марихуана, додека кај Д.Т. се пронајдени 595 грама марихуана.
Инаку, двајцата пријавени се регистрирани сторители на имотни деликти и деликти проследени со насилство, за што на Д.Т. за сторени 20 кривични дела му се поднесени 15 кривични пријави, а од надлежен Суд му се изречени две мерки засилен надзор и една условна осуда, додека на Д.С. со сторени осум кривични дела му се поднесени седум кривични пријави, а од надлежен Суд му се изречени три мерки засилен надзор.
Судија на претходна постапка на пријавените им одреди мерка притвор во траење од 30 денови./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.