Црна хроника
Изгоре фабриката за мебел „Современ дом“ во Радовиш

Фабриката за мебел „Современ дом“ во Радовиш изгоре во пожар во неделата. Покрај објектот, изгорела и куќата на сопствениците што била изградена веднаш до фабриката. Штетата се проценува на половина милион евра.
Сопственикот Баже Јованов вели дека пожарот избувнал синоќа околу 2.30 часот и вели дека доколку противпожарната екипа стигнала порано пожарот ќе завршел со минимални последици.
Фабриката постои 20 години, а 30 работници сега останаа без работа.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години

Полицијата го приведе С.А. (32) од Скопје, баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од две години, а во врска со чл. 236 ст.1 од КЗ.
С.А. ќе биде спроведен до надлежната казнено поправна установа.
Црна хроника
Прегазен малолетник во Виничко: го удрил 15-годишник со мопед

Синоќа во 20.10 часот во Полициската станица Виница, било пријавено дека во с.Блатец, виничко, мопед „априлија“ без регистарски таблици, управуван од 15-годишник од с.Блатец, удрил во малолетен пешак од Куманово, по што возачот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.
Црна хроника
Скопјанец истепал малолетничка на паркинг на Средно Водно

Вчера во 16.50 часот на паркинг простор на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(44) од Скопје.
Тој бил претходно пријавен од З.С.(57) од Скопје.
Според полицијата, околу 16.20 часот, на паркингот неговата малолетна ќерка, при качување во автобус, била физички нападната од пријавениот.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.