Црна хроника
Жена со секира избркала крадци од нејзиниот дом
Жителка на село Голема Црцорија, Крива Паланка, фатила на дело двајца крадци во нејзиниот дом, но за жал било доцна. Почнала да им се заканува со секира и да бара помош, по што крадците избегале со украдените две илјади евра.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, В.И. (20) од Крива Паланка и Е.Џ. (20) од Штип на десетти овој месец, околу 20 часот насилно влегле во куќата на Љ.Д. во Голема Црцорија и откако ги исклучиле осигурувачите од струјата, извршиле тешка кражба на 1.200 евра и околу 50.000 денари.
Откако Љ.Д ги забележала, крадците се обиделе да извршат разбојништво над неа, но истата им се заканила со секира и почнала да бара помош при што двајцата избегале од куќата.
Во текот на истиот ден, по неколку часа, во село Крстов Дол истите крадци се обиделе да извршат тешка кражба во помошен објект-гаража сопственост на С.С., но откако не нашле ништо го напуштиле местото.
ПС Крива Паланка поднесе кривична пријава против В.И. и Е.Џ. од Штип поради сторени кривични дела „разбојништво” и „тешка кражба”. крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.