Црна хроника
Чувар исчезна во езерото Козјак
Четириесет и осумгодишен маж во среда вечер исчезна во езерото Козјак. Потрагата по неговото тело се уште трае.
К.Б. од Македонски Брод работел како обезбедување на браната. Несреќата се случила кога се обидел да ги затегне чамците во езерото, но се лизнал и паднал во водата.
Нуркачки тимови и денеска ја продолжуваат потрагата по телото.крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен 28-годишник од Косово, се обидел да поткупи граничар со 5 евра
Вчера во 21.10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода 28-годишниот В.Л. од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик.
При пасошка и гранична контрола, тој на увид дал сообраќајна дозвола за автобусот со косовски национални ознаки, кој го управувал и патна исправа во која ставил банкнота од 5 евра.
Лицето било предадено во Полициската станица Мирковци за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Пронајден скопјанец: прегазил жена, па се обидел да избега
Вчера во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско- косовска бригада“ и ул.„Св. Прохор Пчински“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(31), удрило во З.П.(45), двајцата од Скопје, и го напуштило местото.
По преземени мерки, Б.К. бил пронајден.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
81-годишна скопјанка им дала речиси 2 милиони денари на измамници кои ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
81-годишна жена од Скопје вчера во полиција пријавила дека е измамена за сума од 1.709.090 денари, информира Министерството за внатрешни работи.
„Според пријавеното, на 18.12.2024 околу 08.45 часот, едно лице ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и за да не одговара пред законот требало да плати одреден износ на пари. Откако ги дала парите, жената сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.