Црна хроника
Разбиена организирана група скопски нарко дилери
Две лица на возраст од 30 и 35 години се уапсени во рамки на полициската акција „Мрежа“ за сузбивање на недозволената трговија со наркотици. Организаторот на криминалната група што продава дрога по улиците на Скопје е во бегство.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во четврток соопшти дека со отпочнувањето на оваа акција се засилува борбата против дрогата која се продава на улиците низ целата држава и дека полицијата има профилирано поединци и групи кои на ситно препродаваат различни видови дрога.
За старт на оваа акција беа уапсени две лица на возраст од 30 и 35 години. Кај едниот од нив биле пронајдени две пакувања марихуана, додека кај вториот 50 грама од истата дрога. Полицијата утврдиладека марихуаната ја набавиле кај 32-годишно лице, дилер од Скопје и организатор на криминалната група.
Вчера полицијата извршила претрес во куќата на организаторот кој не бил пронајден во неговиот дом. Биле пронајдени прибор за пакување и мерење на дрога и два бункера за складирање дрога и тоа едниот во шанкот на дневната соба, а вториот во подот под брачниот кревет во спалната соба, како и многу други украсни предмети во кои има изработено специјален простор за складирање и чување на дрога.
Денеска биле извршени претреси во домот на три лица за кои Секторот за недозволена трговија со дрога имал информации дека соработувале со организаторот, при што кај едно 26 годишно лице пронајдени се пет грама марихуана, две цигари со марихуана и 300 семки.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” против организаторот од Скопје, како и против трите други лица од кои две се од Струмица, а едно од Скопје, сите членови на криминалната група.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Обвинение за семејно насилство врз бремена девојка во Свети Николе
Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, обвинетиот на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, при вршење семејно насилство, ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил неговата бремена девојка.
„Ја навредувал оштетената со која живееле во семејна заедница, а потоа започнал да ја удира со тупаници. Кога девојката се онесвестила од ударите, ја однел во бањата каде ја освестил со ладна вода, по што почнал да ја влече за коса и повторно да ја удира со боксови по главата и телото. Оштетената од ударите се здобила со повеќе телесни повреди, а кога се обидела да избега обвинетиот и го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде ја држел 15 часа спротивно на нејзината волја.
Јавниот обвинител, заедно со обвинението, поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот. Во меѓувреме се вршат проверки и во однос на наводи и сомненија за други дејствија на злоупотреби од ова лице кон истата оштетена, кои произлегуваат од нејзиниот исказ даден пред јавниот обвинител“, велат од Обвинителството.
Топ
Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја
Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ.
Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница, извести МВР.
Фото: МВР
Топ
Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Пријавената, како поранешен директор на Јавна здравствена установа-Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година, спротивно на одредбите од Законот за администаривни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за администаритвни службеници, без согласност од Министерството за финансии и спротивно од Законот на буџети за вработување, без спроведени интерни огласи и согласност и потпис од Секторот за човекови ресурси, за 11 лица вработени како административни службеници во управната зграда во Клиничка болница Битола склучила анекси кон договорите за вработување со цел зголемување на коефициентите на сложеност на работните места и издала решенија за утврдување на висина на плата, односно унапредување во повисок степен без соодветно образование.
На тој начин пријавената го оштетила Буџетот на Министерството за здравство, односно Фондот за здравствено осигурување за 49.304 евра до моментот на поднесување на пријавата. На пример, лице вработено како помошник одговорен инжинер за техничко одржување на објекти, каде било предвидено средно образование електротехника или електромашинство, било унапредено лице со академско звање – доктор на науки од областа на индустриски менаџмент и платата му била пресметувана по коефициент на сложеност кој се однесувал за профил доктор на немедицински науки, сродни на дејностите на установата.

